„Кенгурите“ не се шегуваат, Чешка пресилна за Бразил! (ВИДЕО)

fiba.basketball

Австралија докажа уште еднаш зошто е еден од фаворитите за медал на Мундобаскет, денеска ја забележа и четвртата победа овојпат над Доминиканската Република со 82:76 во групата Л.

Повторно за популарните „кенгури“ блескаше Милс со 19 поени (четири скокови, девет асистенции), а Варгас кај поразените се истакна со 16 поени и седум скокови.

На табелата водат Австралијците со осум бодови, пред Франција и Доминиканска Република со по шест, последна е Литванија со пет. Франција и Литванија играат од 14.00 часот.

Чесите триумфираа со 93:71 и со евентуална победа над Грција во следната рунда ќе се најдат помеѓу осумте најдобри. Саторански доминираше со 20 поени (седум скокови, девет асистенции), а на спротивната страна Бените забележа 12 поени.

Во вториот натпревар од К-групата, попладнево од 14.30 часот играат Грција и САД. Во пресрет на овој натпревар Чешка е прва со 7 бода, исто толку има и Бразил, САД имаат 6, додека Грција е последн асо 5 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот