„ЌЕ ПРЕЖИВЕАМ“: Актуелна легендарна снимка на Новак Ѓоковиќ! (ВИДЕО)

фото/твитер

Насловот на песната кај сите нас ни е неопходен додека го чекаме крајот на пандемијата…

Спортските натпреварувања се одложени, прекинати поради пандемијата на коронавирусот, луѓето ширум светот остануваат дома и го поминуваат времето на најразлични начини.

Пред 13 години, поточно во 2007 година најдобриот светски тенисер запеа еден од најголемите музички хитови во историјата на светот.

Новак Ѓоковиќ се обиде на оригинален начин да направи имитација на легендарната пејачка Глорија Гејнор.

Таа со нејзината песна „I will survive“ („Ќе преживеам“) ги одушеви своите фанови ширум светот, а во текот на овие денови во карантин, тие се потсетија на имитацијата на Ноле.

Насловот на песната кај сите нас ни е неопходен додека го чекаме крајот на пандемијата…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот