Ќе игра против својот идол Надал, а мачката ја нарече Рафа
Следниот противник на бранителот на трофејот на Ролан Гарос, ќе биде Американецот Себастијан Корда.
Корда е едно од најпријатните изненадувања на досегашниот дел од Ролан Гарос, а до осминафиналето дојде со победите над Сепи, Иснер и Мартинез, откако претходно ги помина и квалификациите.
Сега Корда пред себе ќе го има најголемиот предизвик во кариерата, ќе игра против идолот од детството Рафаел Надал. Колку е фасциниран од Надал, американскиот тенисер покажа со тоа што на својата мачка и го даде името Рафи.
– На својата мачка и го дадов името по Рафа и тоа доволно ви зборува колку го обожувам. Тој ми е најголемиот идол, тој е една од причините поради кои станав тенисер. Рафаел Надал е неверојатен натпреварувач и од неговиот стан „никогаш не се откажувај“ многу научив посебно на ментален план. Секогаш кога сум на теренот се обидувам да бидам како него – открива Корда.
Here’s Sebastian Korda with his cat, which is named after his next opponent, Rafael Nadal. #RG20 pic.twitter.com/0Uz8YPUgRU
— The Tennis Podcast (@TennisPodcast) October 2, 2020
Младиот 20-годишен играч е син на поранешниот чешки тенисер, Петр Корда, и со самото тоа што Рафаел Надал му е идол, доволно зборува колку Корда е фасциниран од Шпанецот.
– Тоа значи дека долго време сум на ТВ екраните. Ова е исто кога јас бев дете, кога ги гледав Сампрас, Агаси, Карлос Моја… Една работа која е лоша за мене и таа што имам 34 години – одговори Надал, а кога слушна што изјави Корда за него имаше уште нешто да каже.
– Тоа е следната не толку добра работа за мене. Сепак, среќен сум што го слушнав ова. Знам дека игра добро, тој е одлично момче, полн со енергија и мислам дека има светла иднина, само не сум сигурен дека неговото време е сега.