Казино Фламинго ги отстапува собите за карантин, донира 2000 јајца, овошје и зеленчук

Казиното Фламинго хотел Гевгелија, денеска ги информирало здравствените власти, владата и општина Гевгелија, дека во борбата со коронавирусот ги става на располагање своите 17 апартмани, 42 соби и една соба за лице со посебни потреби, кои може да бидат користени како место за изолација или карантин.

Хотелот месечно може да одржува седум илјади килограми чиста постелнина, по најсовремени стандарди.

Персоналот во хотелот е во можност да подготвува 1.500 оброци дневно. Истовремено, казино Фламинго, кое во моментов има 2.000 килограми свежо овошје и зеленчук како и 2000 јајца, одлучило да ги донира онаму каде што владата ќе одлучи дека е најпотребно.

-Целосно сме подготвени за соработка со надлежните државни институции за претходна подготовка и инспекција на вработените и на просторот согласно сите епидемиолошки критериуми. Сметаме дека во овие тешки моменти кои освен закана за јавното предизвикуваат и економски последици за граѓаните и државата, наша должност е да се однесуваме одговорно и во служба на јавниот интерес, велат од Фламинго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот