„Кауфланд“ го исфрли кафето „Јакобс“ од неговите хрватски маркети, многу поскапело

Фото: platinumkiwi/Reddit

Германскиот трговски ланец „Кауфланд“ објави дека во своите хрватски хипермаркети веќе нема да го продава кафето „Јакобс“, откако добил најава за големо поскапување на нивниот асортиман.

Ланецот на хипермаркети преку социјалните мрежиим им се извини на купувачите што во иднина на нивните полици нема да ги најдат производите на оваа марка.

„Почитувани клиенти, можно е да не најдете некои производи од брендот Jacobs на нашите полици. Ова се случи затоа што не успеавме да постигнеме договор со добавувачот за комерцијалните услови за соработка, односно не прифативме значително зголемување во набавните цени. Сакаме да го одржиме ветувањето кон нашите клиенти дека секогаш нудиме голем избор и најдобри цени за производи со висок квалитет. Ви нудиме голем избор на алтернативни брендови и наши сопствени брендови. Ако имате какви било прашања, ве молиме контактирајте ги нашите вработени. Вашиот Кауфланд“, се вели во известувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот