Катастрофален пад на економијата во Еврозоната

Падот на економиите во 19 држави од ЕУ, кои ја користат заедничката европска валута, продолжи во мај, трет месец по ред, но неговото темпо се намалува, откако делови од економијата почнаа да ги отстрануваат дел од рестриктивните мерки.

Економијата на еврозоната „најверојатно го достигна дното”, поради блокадите на државите воведени за спречување на ширењето на новиот корона вирус. За ваквата лоша економска состојба зборуваат резултатите од истражувањето на „ИХС Маркит“ од каде велат дека економијата во еврозоната најверојатно според последните движења и анализи „го допрела дното“.

Падот на економиите во 19 држави од ЕУ, кои ја користат заедничката европска валута, продолжи во мај, трет месец по ред, но неговото темпо се намалува, откако делови од економијата почнаа да ги отстрануваат дел од рестриктивните мерки.

Овој месец индексот достигна 30,5 процентни поени, што е многу повеќе од катастрофалните 13,5 поени регистрирани во април, но се уште под нивото од 50 процентни поени меѓу падот и експанзијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот