Каспаров: Киев е одговорен за нападот со дрон врз Кремљ, Украина има право да ја нападне Русија

Гари Каспаров/фото: EPA-EFE/MIGUEL A. LOPES

Поранешниот светски шампион во шах и руски опозиционер, Гари Каспаров, не верува дека руските разузнавачки служби се одговорни за нападот со дронот врз Кремљ од пред три дена – тој смета дека Украина е одговорна за нападот, но и дека е оправдано Киев да нападне цел на руска територија бидејќи „има право да возврати“.

Остриот критичар на Кремљ, Каспаров за германската агенција ДПА изјави дека „лесно може да замисли како КГБ организира лажни настани“ за да предизвика гнев кај јавноста, но тој смета дека Кремљ е погрешната цел.

„Поверојатно е дека Украинците испраќаат порака дека можат да стигнат до Москва пред Денот на победата над нацизмот, на 9 мај, кога се одржува воена парада во руската престолнина“, смета Каспаров.

-Мислам дека тоа ќе направи многу руски функционери нервозни, кажа Каспаров.

„Тоа е на Црвениот плоштад и мислам дека сигурно ќе направи многу руски функционери, особено војската, многу нервозни“, кажа тој.

Поранешниот светски шампион, а сега опозициски политичар, додаде дека нема инсајдерски информации, туку може само да анализира од тоа што се известува за инцидентот.

Во интервју дадено во Гмунд, јужно од Минхен, каде доби награда за слобода на медиумите, Каспаров рече дека не може да разбере зошто Западот го условува испраќањето оружје во Украина со тоа да не се користи за напади на руска територија.

„Ако е војна, тоа е војна. И ако Украина е цел на руски ракети од соседните региони, мислам дека тие имаат право да возвратат, рече тој, додавајќи дека Украинците се обидуваат да избегнат цивилни жртви“, за разлика од Русите.

Каспаров очекува Украина на крајот да ги добие западните борбени авиони бидејќи по долги одолговлекувања беше донесена и одлуката за испраќање тенкови.

„Мислам дека и авионите ќе пристигнат, но тоа се случува болно бавно и разбирам зошто Украинците се толку загрижени“, рече Каспаров во интервјуто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот