Касандра доаѓа во Србија! Ќе игра во најдолготрајната српска серија

Фото: Профимедиа

Актерката Кораима Торес од Венецуела го полуде регионот во 90-тите години со улогата во серијата „Касандра“, а неодамна беше најавено дека треба да дојде во Србија за да се појави во третиот дел од „Јужен ветер“.

Латиноамериканската ѕвезда на крајот на септември ќе гостува во Србија, но од сосема друга причина, пишува српски „Новости“.

Медиумите сега пишуваат дека Кораима ќе дојде во Србија, но за друг проект. Станува збор за серијата „Игра на судбината“ во која треба да се појави Торес.

Причината за нејзиното доаѓање е најдолготрајната српска теленовела „Игра на судбината“.

Серијата, која има повеќе од 1.170 епизоди од 2020 година, ќе влезе во нова сезона на крајот на месецот, наречена „Тајните на минатото“. „Касандра“ наводно ќе се појави во една од епизодите.

Инаку, во текот на пролетта оваа година српските медиуми беа преплавени со веста дека актерката ќе глуми во „Јужен ветaр“. Имено, откако во едно интервју изјавила дека би сакала да сними филм со Милош Биковиќ, продуцентите на популарната франшиза решиле да ѝ понудат нешто што не би можела да го одбие – улогата на водач на кланот, и тоа најсилниот од Латинска Америка.

ФОТО | „Некои важни работи“: Милош Биковиќ ја објави првата фотографија со синот Василије

ФОТО | „Некои важни работи“: Милош Биковиќ ја објави првата фотографија со синот Василије

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот