ФОТО | „Некои важни работи“: Милош Биковиќ ја објави првата фотографија со синот Василије

Фото: Инстаграм/Милош Биковиќ

Српскиот актер Милош Биковиќ и неговата партнерка Ивана Малиќ пред еден месец станаа родители на синот Василије, кој е нивно прво заедничко дете.

Актерот неодамна изјави дека пристигнуваето на новиот член во семејството претставува голема промена во неговиот живот, но дека е спремен за сите предизвици кои ги носи родителството и дека ужива во новата животна улога.

Биковиќ не споделува многу детали од неговиот приватен живот и претпочита да става акцент на неговиот актерски ангажмани, но сега објави симпатична фотографија со малиот Василије.

„Некои важни работи“, напиша тој во описот на фотографијата.

Фото: Инстаграм/Милош Биковиќ

Да потсетиме, продуцентите на серијата „Белиот лотос“ („The White Lotus“), во чија трета сезона требаше да игра Милош Биковиќ, го откажаа ангажманот на актерот.

Во оваа прилика, Биковиќ се огласи на социјалните медиуми, нагласувајќи дека „нема да попушти пред наративи кои го загрозуваат неговиот интегритет“.

„Секој ден има сѐ повеќе конфликти низ целиот свет. Секој од нив е различен. И секој еден од нив е страшен. Посакувам сите да престанат и да преовлада принципот на љубовта. Денеска против мене се води таргетирана кампања која преку надворешно влијание создава сериозен преседан, фрлајќи сенка врз суштината на уметничката слобода. Резултатот од таквиот наратив е триумфот на глупостите и поразот на уметноста“, напиша актерот на неговиот профил на Икс (поранешен Твитер), којшто во меѓувреме беше блокиран.

Милош Биковиќ доби руско државјанство во 2021 година и лично беше почестен од рускиот претседател Владимир Путин за неговиот придонес во руската уметност и култура. На актерот, како што и самиот кажа, му беше забранет влез во Украина во 2019 година поради национална безбедност.

На 24 јануари Министерството за надворешни работи на Украина на социјалниот медиум Икс објави дека српскиот актер и руски државјанин „од почетокот на инвазијата во полн обем ја поддржува Русија“.

„Милош Биковиќ, српски актер кој ја поддржува Русија од почетокот на инвазијата, сега ќе глуми во третата сезона на ‘Белиот лотос’“, објави украинското Министерство за надворешни работи на социјалните медиуми.

„’Ејџ-би-о’, дали е во ред да се работи со лице кое поддржува геноцид и го прекршува меѓународното право?“, се додава во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот