Картинг: Трето место за Богатиновски трката во Белград

фото: Фејсбук

Младиот македонски картинг возач Петар Богатиновски оствари одличен успех на трката која викендов се возеше во Белград.

Богатиновски поради техничките проблеми во квалификациите имаше четврто најдобро време, но на трката успеа да го подобри пласманот и на крајот го освои третото место на трката која ќе се бодува за Централно Европската Зона.

Младиот 11-годишен картинг возач настапи во класата 2 Ротакс Мини Макс која е за натпреварувачи од 10 до 12 години. Ова беше четврта трка годинава, но прва за Богатиновски кој претходните трки ги пропушти поради пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот