Карли Клос: Го следев моето срце, се омажив за човекот што го сакам и покрај сите компликации

epa-efe
фото; епа-ефе + принтскрин инстаграм

Карли Клос важи за една од најубавите жени во светот. На 17 години за првпат се појави на насловната страница на списанието „Vogue“, а во својата кариера како модел се појави уште 39 пати во ова списание.

29-годишната Клос беше дел од шоуто на „Victoria’s Secret“, но се откажа со цел да се посвети на своето образование.

Карли вели дека на 21-годишна возраст ѝ било доста од сè, била ветеран во својата работа и не чувствувала никакви предизвици во светот на модата.

epa-efe
EPA-EFE/SHERWIN

Отсекогаш ме привлекуваше светот на технологијата, но не го разбирав тоа, што ме фрустрираше“, изјави таа во една прилика.

Тогаш, одлучила да се запише на курс за кодирање за да се соочи со непознатото. Карли го основаше кампот „Kode with Klossy“, со цел да овозможи стипендии за млади девојки кои имаат интерес за компјутерски науки, инженерство и математика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karlie Kloss (@karliekloss)

Покрај нејзиниот интересен и нетипичен пресврт на деловно поле, Карли има уште повозбудлив љубовен живот. Пред три години, убавата манекенка се омажи за Џошуа Кушнер, брат на Џеред Кушнер, сопругот на Иванка Трамп.

Двојката се венча во октомври 2018 година, а моделот ја смени верата поради нејзиниот сопруг и стана Еврејка.

Го следев моето срце и се омажив за човекот што го сакам и покрај сите компликации што се појавија по пат“, рече Карли во една прилика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karlie Kloss (@karliekloss)

Имено, семејството на Џошуа сметало дека Карли не е доволно добра за него, па ја запознале дури по 6 години. На неговото семејство најмногу му пречело тоа што Карли не е од иста религија со нивниот син. Тие со години зборувале погрдни работи и не го криеле своето мислење за неа.

Дури и кога ја сменила верата, работите не се промениле. Иако решиле да ја запознаат, се шпекулира дека сè уште не се во добри односи, а како што наведуваат блиски луѓе до парот, родителите на Џошуа никогаш нема да ја прифатат како своја снаа, пишува „Stil.rs“. Сепак, Карли е сигурна во својата љубов и никогаш не ни помислувала да го напушти сопругот.

Видео на денот