Кардиф мора да му плати отштета на Нант за трансферот за трагично загинатиот Сала

фото: EPA-EFE/EDWARD BOONE

Управата на Кардиф ќе мора да му го плати првиот дел од обештетувањето на Нант за трансферот на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала, кој загина во авионска несреќа, одлучи Судот за спортска арбитража.

Авионот во кој бил Сала, летал од Нант за Кардиф за откако фудбалерот во јануари 2019 година потпишал договор вреден 17,7 милиони евра и паднал во Ла Манш.

Остатоците од авионот и телото на 28-годишниот фудбалер се откриени по речиси три недели од несреќата. Кардиф поднесе жалба на одлуката на ФИФА, која претходно му наложи на тимор од Велс да му плати шест милиони евра на Нант, односно првата договорена рата од трансферот, а судот за Судот за спортска арбитража ја потврди одлуката на Светската фудбалска федерација.

– Советот на Судот за спортска арбитража утврди дека трансферот на играчот од Нант во Кардиф Сити е завршен. Поради фактот што условите наведени во договорот за трансфер беа исполнети пред смртта на играчот, Нант има право на исплата на првата рата од обештетувањето – стои во соопштението на Судот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот