Фото: facebook/Emil Pavlov

Каратистот Емил Павлов стави крај на спортската кариера

Македонската каратист Емил Павлов официјално стави крај на својата спортска кариера, исполнет со многу труд, жртви, победи, порази, солзи и незаборавни моменти.

Павлов се огласи преку социјалните мрежи, во продолжение неговата целосна објава:

– Не е лесно да се каже збогум на нешто што било дел од твојот живот толку многу години. Денес официјално ставам крај на мојата спортска кариера. Пат исполнет со многу труд, жртви, победи, порази, солзи и незаборавни моменти…

Имав чест да ја претставувам Македонија на најголеми европски и светски настани и да се пее македонската химна во мое име!! Овој пат не го одев сам. Благодарност до моите тренери до мојот Карате клуб Штип, до Карате Федерација на Македонија, претседатели, селектори, судии, спаринг партнери, институции, спонзори и сите кои веруваа во мене.

Најголемо благодарам до мојата фамилија-тие беа мојата најголема сила кога беше најтешко и моја радост кога победував. Ќе продолжам во иднина да бидам мотивација и инспирација за младите генерации! – стои во објавата на Павлов.

Во својата кариера беше светски вицешампион, двапати европски шампион, и со два бронзени медали. Бронза има и од Европските игри, а во Карате 1 Премиер лигата има три златни, два сребрени и еден бронзен медал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот