Каратистите Трајковски и Стојановиќ обезбедија учество на Светските боречки игри во Ријад

фото: kfm.com.mk

Македонските каратисти Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ ќе бидат дел од Светските боречки игри 2023 за возрасни до 21 година кои ќе се одржат во периодот од 20 до 30 октомври во Ријад, Саудиска Арабија.

И двајцата се членови на скопскиот карате клуб „Макпетрол“, Трајковски ќе се натпреварува во категоријата под 85 килограми, а Стојановиќ ќе се бори во категоријата над 85 кг.

Ваквото известување за учеството на двајцата наши каратисти е испратено од организаторот на игрите, Светската карате федерација (ВКФ), до Карате федерацијата на Македонија (КФМ).

Од Карате федерацијата на Македонија се очекува да испрати одговор до ВКФ дека нашите репрезентативци ќе присуствуваат во Ријад.

Воедно Карате федерацијата на Македонија треба да обезбеди и средства за учество.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот