Каратистите на „Макпетрол“ освоија 15 медали на меѓународниот турнир во Подгорица

Нови врвни резултати на Карате Клубот „Макпетрол“ - Скопје/фото: Bosko Zaborski/Karate Klub Makpetrol

Македонскиот Карате клубот Макпетрол – Скопје, изминатиот викенд настапи на меѓународниот карате турнир КУП НА ШАМПИОНИТЕ – 2022, кој се одржа во Подгорица, Црна Гора. Учество на турнирот земаа 626 спортисти од 59 клуба од седум држави.

За Подгорица од Карате клубот „Макпетрол“ заминаа вкупно 13 спортисти. Сите беа пријавени и настапија во дисциплината борби во поединечна конкуренција.

Во многу квалитетна конкуренција и претежно во сениорскиот дел од програмата, успешно се освоени вкупно 15 медали од кои четири златни, шест сребрени и пет бронзени медали.

1. Петар Заборски златен медал, сениори -75 кг
2. Ангела Мојсовска златен медал , сениорка +68 кг
3. Петар Спасеновски златен медал , сениори – 87 кг
4. Глигор Петков златен медал , сениори +84 кг
5. Давид Петков сребрен медал, сениор -67 кг
6. Викторија Јовановска, сребрен медал сениорки -61 кг
7. Стефан Стојановиќ Опен категорија сребрен медал
8. Стефан Стојановиќ У21 сребрен медал
9. Викторија Јовановска У21, сребрен медал -61 кг
10. Јована Мицовска сребрен медал -59 кг Јуниорки
11. Витомир Трајковски сребрен медал , У21 медал -84 кг
12. Марија Петровска бронзен медал, сениорки -50 кг
13 Данило Божовиќ јуниор бронзен медал+76
14. Витомир Трајковски бронзен медал, сениори -84 кг
15. Марија Петровска бронзен медал У21 -50 кг

Тренерот Бошко Заборски вели дека овој турнир имаше пред сè контролен карактер, поточно ова беше втора контрола пред најзначајните натпревари кои ги очекуваат на крајот од месец септември. Тој е задоволен во целост од прикажаните борби и мотивираноста која ја покажаа натпреварувачите.

– Контролата ја направивме во една извонредна конкуренција со многу квалитетни натпреварувачи од поголемиот број на држави од Балканскиот регион. За да имаат што повеќе борби, помладите спортисти ги пријавивме и во конкуренција на У21 и во сениорска конкуренција. Затоа одреден број од нив имаат и по два освоени медали. Сега веќе многу точно можевме да ги видиме сите предности кои ги имаме, но и недостатоците кои ги поправивме минатата недела и еден дел кој треба да ги поправиме во следниов временски период. Контролите се навремени и тоа непосредно пред двата најважни настани кои се одржуваат на крајот од месец септември. За сениорите кои се студенти и се членови на Универзитетската карате репрезентација на Македонија, ова беше една одлична контрола, бидејќи тие на 25 септември заминуваат за Турција, да земат учество на Светските универзитетски игри на боречки спортови кои ќе се одржат во Самсун, додека пак спортистите во младинска конкуренција имаат изборен турнир за обезбедување на статус репрезентативец за претстојното Светско првенство – изјави Заборски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот