Фото: Modulor / Kanye West

Канје Вест заспал на судењето во Лос Анџелес

Раперот Канје Вест се појави во судот во Лос Анџелес поради тужба поврзана со неговата поранешна вила во Малибу, а светските медиуми известуваат дека за време на сослушувањето изгледал видливо изморен. Според очевидци, тој повеќепати се прозевал, ги затворал очите и се чинело дека главата му паѓа напред додека одговарал на прашања за реконструкцијата на вилата, пренесува „Холивуд репортер“.

Вилата е дизајнирана од јапонскиот архитект Тадао Андо , познат по своите дела што вклучуваат архитектура и пејзаж, а која раперот ја „уништил“ додека работел на архитектонското чудо. Тој ја купил во 2021 година за 57 милиони долари и ја продал три години подоцна со огромна загуба, ослободувајќи се од имотот за 21 милион долари. Вест изјавил пред судот дека „не се сеќава“ на детали за работите, што го забележал и еден од адвокатите, кој веднаш искоментирал: „Дали спие?“, додека судијата го потсетил дека е потребно малку поостро испрашување.

Судскиот случај се однесува на тужба од изведувачот Тони Саксон, кој тврди дека Вест не ги плаќал работниците, создавал небезбедни услови и незаконски го отпуштил. Саксон тврди дека раперот сакал вилата да биде „засолниште од бомби од 1910-тите“ каде тој би можел „да се крие од Клинтон и Кардашијан“. Во моментот, вилата нема прозорци, врати, струја и водовод.

Вест ја негира тужбата, а уште во ноември 2023 година барал случајот да се отфрли, тврдејќи дека не бил одговорен за настанатата штета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот