Камикази дронови во хеви метал спот ја покажуваат иднината на војните (ВИДЕО)

Азербејџанската војска објави бизарно хеви метал видео во кое ги покажува своите ретки хеликоптери, тенкови и камикази дронови. 

Пропагандната мелодија „Атиш“ или „Оган“ ја изведуваат локалните музичари Еyејхун Зејналов и Нармин Каримбајова, поддржани од групата Нур облечени во воени униформи. Тие со своите инструменти стојат сред воено поле и околу нив се наредени војници со ракетни фрлачи и тенкови. На повидок нема непријатели.

Хеви метал мелодијата во која доминира гитара што е далеку од квалитетот на Блек Сабат, е придружена со монтажа од бомбашки напади. Целта на азербејџанската влада со ова видео е да собере „луѓе околу знамето“ што е политичка краткорочна тактика за брз временски период влада на земја во време на меѓународна криза или војна да собере масовна народна поддршка. 

Отворениот конфликт започна на 27 септември и досега загинаа стотици луѓе, меѓу кои има и цивили. Борбите се најголемата ескалација од 1994 година, кога етничките ерменски сили го окупираа Нагорно Карабах и околните азербејџански области. Азербејџан тврди дека окупирал десетина села во областа Габриел, едно од седумте во Нагорно Карабах, окупирани од ерменските сили. Ерменската армија го гранатираше вториот по големина град во Азербејџан, Гања. Се чини дека двете страни користеле балистички ракети од кои неколку паднале и во соседен Иран.

Повиците на САД и Европската унија за прекин на огнот беа неуспешни, но преговорите во Русија се покажаа како принципиелен прв чекор кон мирот. По десетчасовниот состанок во Москва во петокот, завојуваните страни се договорија за прекин на огнот, иако интензивните борби продолжија уште во саботата наутро. Турција е единствената земја која од почетокот го повика Азербејџан да ја продолжи офанзивата и понуди безусловна поддршка на сојузникот.

Дека поддршката на Ердоган не е само на зборови постојат се повеќе докази дека Турција испратила стотици сириски платеници да се борат за Азербејџан. Тоа дополнително укажува дека владата на Азербејџан се соочува со тешкотии во мобилизацијата на азербејџанската младина да се бори за мал, планински регион населен со Ерменци, за кој смета дека е изгубен веќе три децении.

Спротивно на Азербејџан, во Ерменија, мажи од сите возрасти, дури и оние без воена обука, аплицираа за акција. Но, успехот на Азербејџан против попрофесионалните ерменски сили произлегува од купувањето високо-технолошко оружје од Русија, Турција и Израел. Иако вкупниот број ерменско и азербејџанско тешко оружје сега е повеќе или помалку еднаков, азербејџанската армија може да се пофали со дефинитивно понапредна технологија. Докази за ова може да се видат зад бендот на видеото.

Во видеото се снимени и камикази беспилотни летала кои можат да крстарат самостојно со часови пред да погодат мета. Експертите генерално проценуваат дека беспилотните летала нема да играат голема улога во меѓународните војни, бидејќи се подложни на противвоздушен оган. Ова веројатно важи во војните во кои се вклучени големи сили како Америка, Кина и Русија, но не и во помали конфликти. Кога Турција во февруари започна офанзива врз северна Сирија, ги искористи своите беспилотни летала ТБ2 за да уништи стотици сириски оклопни возила, а истите овие авиони сега ги користи Азербејџан во Нагорно Карабах.

Турската и азербејџанската тактика укажуваат на нов, подостапен вид на воздухопловство, проценува „Економист“. Купувањето, одржувањето и управувањето со воени авиони е скапо. Моделот TB2, кој чини неколку милиони долари и нема пилоти, е потрошен материјал кој сепак може да предизвика значителна штета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот