Како се промени животот на Тони Цетински и неговата сопруга откако таа доживеа мозочен удар… (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Сопругата на Тони Цетински (50)  и неговата најголема поддршка во живтот, Дубравка Цетински (35) во средината на јуни минатата година доживеа мозочен удар и беше хоспитализирана во Ријека, а пет месеци подоцна се врати таму каде што застана.

После ова, животот на познатиот пар драстично се промени. Тони вели дека ништо не е случајно.

Тони Цетински со сопругата Дунавка / Фото: Инстаграм
  • Ова не направи поцврсти како луѓе, не доближи до нашата вера. Ништо не е случајно. Во Опатија, во малиот стан каде живееме, во комшилукот имаме црква… Сето тоа судбински не донесе до ново дружење – раскажал Тони на неговиот инстаграм-профил.

Дубравка и Цетински сега целото свое време го поминуваат во Истра, а неговите деца се во Ровињ, со родителите на пејачот.

  • Постојано со моите коминицираме онлајн, но не е тоа исто. Драго ти е кога ќе ги видиш или слушнеш преку телефон, но таа немоќ да ги прегрнете… признава Тони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tony Cetinski⭐️???????? (@tonicetinski) on

Кога во ноември Дунавка се врати на работните обврски, Тони и посвети емотивна порака на социјалните медиуми:

  • Што да ти кажам драга моја Дуда? После се што помина, повторно од се излезе како победник. Гледајќи го тој сјај во очите по напорните подготовки и како тоа на забавен начин го пренесе знаењето на твоите студенти, тоа е нешто што не се опишува. Добродојде назад, прекрасно е што те гледаме во својот природен сјај.
Дубравка Цетински / Фото: Фејсбук

Да потсетиме, Дубравка минатата година и се слошило во куќата во Ровињ, а пејачот веднаш реагирал и повикал итна помош, па така неговата сопруга била згрижена на време.

Таа веднаш била хоспитализирана во Клиничката болница во Ријека во Хрватска, а пет дена подоцна Тони објави фотографии со сопругата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tony Cetinski⭐️???????? (@tonicetinski) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот