Како Русија од моќен светски лидер прерасна во вазалски партнер на Пекинг?

путин и си џинпинг
Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џипинг EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ

Кина сега може да ужива во промената на позицијата.

Кога Мао Це Тунг го посети советскиот диктатор Јосиф Сталин во зимата 1949 година, тој дојде таму како просјак. Сталин го остави да чека со недели во дачата покриена со снег, на 27 километри од Москва, каде понижениот кинески лидер, чекаше да биде примен на разговори.Сталин тогаш го принудил Мао да купи руско оружје со заем за кој Пекинг плаќаше оргнмна камата.

Седум децении подоцна, дојде до радикално ресетирање кога станува збор за динамиката и односот на силите . Непосредно пред инвазијата на Украина, рускиот претседател Владимир Путин отпатува на Зимските олимписки игри во Пекинг за да го покаже своето „безгранично“ пријателство со Кси Џинпинг

Но овие денови нема сомнеж која од овие две големи држави е вистинската светска суперсила .
Кинеската економија сега вредна 18 трилиони долари и 10 пати помоќна од руската. Пекинг ги поседува речиси сите добри адути во одредувањето на условите за каков било финансиски спас што може да го понуди на својот руски пријател.

Додека Русија се соочува со остар економски пад под санкции и ембарго на нафта, Кина е очигледен потенцијален добротвор на кој Путин може да му се обрати.

Комунистичкиот режим во Пекинг ј го дели непријателството на Путин кон Западот и НАТО, но тоа не значи дека тие ќе му помогнат, пишува бриселски Политико.

Главната стратешка грижа на Кина е просперитетот и безбедноста на Кина, а не спасувањето на Русија. Пекинг веројатно ќе купи барем малку нафта што беше пренасочена од Европа, но само со голем попуст во однос на светските стандарди.
Кина ќе и помогне на Русија само онолку колку што е потребно за да избегне привлекување санкции и загрозување на сопствената продажба на стоки на богатите земји во Северна Америка и ЕУ.

Фото: Thissatan Kotirat / Alamy / Alamy / Profimedia

Јавно партнерство

Јавно Кина покажува голема политичка солидарност со Москва. Ја зголеми вкупната трговија со Русија, во суштина ја напушти Украина, ги прошири финансиските трансакции без употреба на долари или евра и ја удвои идната соработка за развој на воена технологија за време на заедничките вежби во регионот на Пацификот.

Сергеј Лавров, рускиот министер за надворешни работи, призна дека Кина е иднината на неговата земја, велејќи: „Сега кога Западот зазеде „диктаторска позиција“, нашите економски врски со Кина ќе растат уште побрзо.

Се чини дека самиот Си е голем обожавател на Путин на лично ниво. Јун Сун, директор на кинеската програма во Центарот Стимсон, ова го нарекува негов „Руски комплекс“. (Од избувнувањето на војната, Кси разговараше само со Путин, но не и со неговиот украински колега, Володимир Зеленски.)

Сепак, постојат многу сериозни ограничувања за овој однос „без ограничување.“ Загрижена за Путин, Кина, исто така, има намера да постави висока цена за својата поддршка, а Пекинг, на пример, сака да ја ограничи руската високопрофитабилна продажба на оружје на Индија, најголемата кинеска непријател преку Хималаите.

„За разлика од моделот на Студената војна, Русија ќе биде помлад партнер на посилна Кина. Тоа ќе го иритира Путин“, рече Метју Крониг, заменик-директор на Центарот за стратегија и безбедност на Скоукрофт на Атлантскиот совет.

Таа улога на подреденоста не е сценариото што го замисли Путин кога решил да ја нападне Украина во февруари, поттикнат од желбата да ја врати поранешната слава на својата нација.
Но, според Политико, тој требало да го предвиди тоа. Кина е земја опседната со корекција на историските понижувања и враќање на својата позиција на глобален лидер. Времето кога Советскиот Сојуз беше идеолошки – и економски – супериорен во однос на комунистичка Кина, одамна помина. Huawei гради руски 5G мрежи, додека Русија има потреба од соработка со Кина во сè, од делови за авиони до размена на валута. Важно е дека не само САД и Европа воведуваат санкции кон Москва, туку и три други големи азиски економии: Јапонија, Јужна Кореја и Сингапур.

Фото: EPA-EFE/ALEXEI NIKOLSKY

Груби пресметки

Можеби најголемата пресметка на Кина е колку далеку ќе оди за да му помогне на Путин да го надмине ембаргото на ЕУ за руската нафта. Оваа европска забрана ќе направи значителна дупка во рускиот буџет доколку не влезат други големи купувачи. При одлучувањето колку да купи, Пекинг има голема моќ да влијае на Москва.

Русија и Саудиска Арабија се два водечки снабдувачи на нафта за Кина. Во мај, поморскиот увоз на руска сурова нафта во Кина достигна највисоко ниво во последните две години од 1,14 милиони барели дневно, во споредба со 800.000 барели дневно во 2021 година, според аналитичките податоци на „Вортекс“ пренесува Политико.

Сепак, најголемиот дел од објаснувањето за ова е, многу повеќе од покажување политичка солидарност, и тврдоглавата економија на Кинезите. Меѓународните санкции значат дека трговците биле претпазливи кога станува збор за ракување со руската сурова нафта, создавајќи пренатрупаност што ја прави руската нафта за 20 до 30 долари поевтина од меѓународните референтни цени.

Со оглед на тоа што Кина увезува повеќе од 10 милиони барели дневно, сигурно има простор за купување повеќе, особено кога економијата ќе се рестартира и мерките за заклучување постепено се отстрануваат во клучните градови како Шангај.

Но, руската продажба во ЕУ изнесуваше околу 2,4 милиони барели дневно. Со оглед на безбедносната загриженост на Кина за преголемата зависност од поединечни добавувачи, малку е веројатно дека Кина одеднаш ќе почне да го купува целиот вишок на нафта од Русија.

На сличен начин, Кина ги држи картите кога станува збор за гасот. Непосредно пред да ја нападне Украина, Путин потпиша договор со Си Џипинг за да се согласи да го зголеми извозот на природен гас на 48 милијарди кубни метри годишно во иднина, од скромните 4,1 милијарди кубни метри во 2020 година. Русија исто така планира нов гасовод. Моќта на Сибир 2, благодарение на кој извозот на руски гас во Европа полесно би се префрлил во Кина.

Фото : Твитер
Противвоздушен руски систем С-300

Оружје

Потребата на Русија за сојузник се совпаѓа со растечката самоувереност на Кина. Колку Москва станува поизолирана, толку повеќе можеби ќе треба да и помогне на Кина да ги унапреди своите геополитички амбиции.

Со години кинеските власти лобираа кај своите руски колеги да ја намалат продажбата на оружје наменето за Индија, главен кинески ривал и држава со која има гранипен спор околу Тибет.

Помеѓу 2017 и 2022 година, Индија беше најголемиот пазар за извоз на руското оружје Според статистичките податоци на Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм. Вооружените судири кои неколку пати ексалираа долж границата со Тибет и борбата со индиски војници вооружени со руска опрема можеби не е забавна за Кина, но секако е профитабилен бизнис за Русија.

„Пред руската воена инвазија врз Украина , „Русија се однесуваше надмено пораувајќи и на Кина дека не е во позиција да диктира и одредува на кого Русија ќе му продава оружје.„Но, мислам дека Кина веројатно ќе биде во таа позиција. пет години подоцна“, рече Александар Габуев. експерт за руско-кинески односи од Карнеги фондацијата за меѓународен мир.

Индија, од своја страна, се обидува да одржи отворени односи со Путин. Њу Делхи, како и Пекинг, купува евтина нафта, иако исто така се обидува да одржува силни врски со САД.

„Русија ослабена од војната и санкциите, ја зголемува својата економска и стратешка зависност од Кина“, сметаат експертите

Си Џипинг и Путин имаат добри лични односи но и многу различни ставови за иднината на улогата на нивните земји во светот.

Главниот фокус на кинескиот престедател е обезбедувањето на трет претседателски мандат , со план за попросперитетна Кина која на крајот ќе ги надмине САД и ќе стане светска економија број еден. Евентуаниот ризик од западни санкции би ја уништиле таа желба на Кина .

Путин, пак, е во поголем проблем . Тој би бил среќен да земе сè што може од Кина, со оглед на моменталните проблеми во кои се наоѓа неговата земја – дури и ако тоа значи дека Русија ќе се смета за послаб партнер на Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот