Како правилно да ги проветрувате просториите кога надвор е ладно? Држете се до правилото 5×5

Фото: Профимедиа

Познато е дека редовното проветрување на просториите во кои престојуваме е многу важно за да се заштитиме од вируси, да го прочистиме застоениот воздух и да создадеме здрава клима во просторијата, на крајот да спречиме појава на мувла. Но, кога температурата надвор ќе падне под нулата, многумина овој совет ќе го занемарат.

Како правилно да се проветруваат просториите кога надвор е екстремно студено е полесно со примена на правилото 5х5 или 3х5, пренесува германскиот магазин „Фокус“.

Се советува следново правило за проветрување на просториите:

– Под нула степени: Ако надворешната температура е под нула степени Целзиусови, прозорците треба да се отвораат само 5 минути.

– Од нула до 10 степени: Во овој температурен опсег доволно е околу 10 минути вентилација.

– Повеќе од 10 степени: Најдобро е да ги оставите прозорците отворени околу 15 минути.

Се препорачува да се проветруваат просториите пет пати на ден, исто толку често, односно дури и на температури под нулата. Меѓутоа, ако ви е премногу ладно, доволни се три до пет минути со отворен прозорец пет пати на ден.

Во пролет или есен оставете ги прозорците отворени 15 до 20 минути, тоа ќе биде доволно за целосна промена на воздух, а тоа правете го три до пет пати на ден.

Оставете ги на кипење или целосно отворете ги

Дали е подобро прозорците да се остават отворени на кипење долго време или целосно да се отворат, накратко да се проветри па да се затворат, е прашање на избор. Но, во текот на зимските месеци, во викендите или ако многу работите во вашата домашна канцеларија, можете да ги држите прозорците на кипење. Меѓутоа, ако сте отсутни од дома во текот на денот, потребна ви е поинаква стратегија. Ако сте отсутни цел ден, доволно е да проветрувате поретко. Минимално наутро и навечер, но настојувајте да проветрувате трипати на ден по пет минути – проветрувајте наутро по станувањето, кога ќе се вратите дома од работа и повторно непосредно пред спиење.

Идеална температура и влажност

Идеалните здрави услови во кои треба да престојуваме во затворени простории се: 50 отсто релативна влажност, собна температура 21 степен Целзиусов, влажност не пониска од 30 отсто и не повисока од 60 отсто. Сувиот воздух во просторијата создава проблеми со здравјето, вклучувајќи проблеми со респираторниот тракт и очите, напнатост, замор и слабеење на концентрацијата, сушење на кожата, а може да се влошат и други кожни болести и алергии. Прекумерната влажност може да поттикне развој на грини и микроорганизми, што го поттикнува развојот на мувла, габички и бактерии.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот