Кралицата Викторија / Фото: Profimedia

Како кралицата Викторија стана најголемиот наркобос во историјата?

Кога ќе се спомне најозлогласениот наркобос, многумина веднаш помислуваат на Пабло Ескобар или Ел Чапо. Но, вистината е дека многу пред нив, една жена со кралска круна водела империја со дрога, толку моќна и профитабилна што сите модерни дилери изгледаат како улични ситни криминалци. Таа не морала да се крие, никој не ја гонел, а парите од нејзиниот „бизнис“ го финансирале целото Британско Царство.

Станува збор за кралицата Викторија, пишува „Тајм“.

Во јавноста често се перцепира како досадна стара кралица, но Викторија била само 18 години кога се искачила на престолот во 1837 година и рутински користела разни фармацевтски производи. Еден од нејзините фаворити бил опиумот, кој не го пушела, туку го консумирала во форма на лауданум – смеса од опиум и алкохол, која во 19. век се користела како лек за сè, дури и за заби кај бебиња. Кралицата секое утро пиела голтка лауданум како дел од својата рутина.

Кралицата Викторија / Фото: ICP, incamerastock / Alamy / Profimedia

Покрај тоа, уживала и во кокаинот, кој не бил забранет и се продавал слободно. Таа го користела во форма на џвакање гуми и вино, а за време на менструални болки пиела течен канабис. При породувањето, пак, користела хлороформ, опишувајќи го искуството како „неверојатно прекрасно“.

Но не станува збор само за лична употреба. Кралицата била дел од глобална операција на трговија со опиум која целосно ја променила светската историја.

Во тоа време, Британија увезувала огромни количества кинески чај, но немала ништо вредно за возврат. Решението? Опиум. Британија имала неограничени резерви од опиум кој се одгледувал во Индија, колонија под нејзина контрола. Кинезите брзо станувале зависни, што ја направило трговијата екстремно профитабилна. Кога Викторија дошла на власт, продажбата експоненцијално пораснала.

Семејството на кралицата Викторија / Фото: Sunny Celeste / Alamy / Profimedia

Кина се обидела да го сопре ова, но безуспешно. Комесарот Лин Ц’сју запленил и уништил над 1.300 тони опиум, што ја налутило младата кралица и резултирало со објава на војна – Првата опиумска војна. Британија лесно ја поразила Кина, која била принудена да потпише понижувачки договор: Хонг Конг преминал под британска власт, а Кина морала да отвори дополнителни пристаништа за трговија со опиум.

Ова било почетокот на кинескиот „век на понижување“, а Викторија, без грам двоумење, се потврдила како најуспешниот нарко-бос во историјата. Иронично, иако безмилосно им го продавала опиумот на Кинезите, одбивала да им продава кокаин затоа што верувала дека тој е премногу „безбеден и здрав“ за да биде злоупотребен.

Во свет каде Пабло Ескобар се криеше од властите, а Ел Чапо копаше тунели за да избега од затвор, Викторија спокојно владеела од својот трон, финансирајќи империја од зависност и смрт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот