Како ја оценувате работата на Лазаров: Треба да му се даде шанса и време според фановите на „Балкан-Хандбал“

фото: EPA-EFE/Lukasz Gagulski

Заврши Светското ракометно првенство во Полска и Шведска за најдобрата македонска репрезентација со освојувањето на 27 место по победата над Јужна Кореја.

За работата на селекторите на овој Мундијал што се однесува до репрезентациите од екс-ју просторите има лавина од коментари на социјалните мрежи.

Балкан-Хандбал“ им нуди на своите посетители можност да ја оценат работата на секој од нив (од 1 до 5).

Хрватска го освои деветтото место, следуваат Словенија како десеттопласирана, Србија на 11 позиција, Црна Гора на 18 позиција и Македонија на 27 место на СП 2023.

5 – Целосно задоволен од играта и резултатот
4 – Резултатот е во ред, нека продолжи да работи
3 – Просечно – треба да се даде шанса и време
2 – Незадоволен од резултатот, треба да се размисли за промена
1 – Лоша игра и резултат, треба да си оди

Како што до сега гласаат фановите за работата на македонскиот селектор Кирил Лазаров на СП 2023, најмногу му се дава оценка „3“, просечно – дека треба да му се даде шанса и време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот