Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Од авторите на Слободен Печат
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Maкедонија ја победи Јужна Кореја за 27. место на Мундијалот

Maкедонската ракометна репрезентација денес го одигра последниот натпревар на „Президент Купот“ во кој славевме победа со 33:36 против Јужна Кореја.
Стартот од натпреварот донесе подобра игра на нашата репрезентација, со добрата игра стигнавме и до предност од шест гола разлика кога поведовме со 11:17. Во тие моменти изгледаше дека Корејците нема да можат да ни се заканат.
Сепак, во продолжение следуваше еден пад во нашата игра и тоа противничките ракометари знаеа како да го казнат. Со брзи голови во финишот од полувремето се доближија на само „минус еден“ на паузата (19:20).
Ако првиот дел од првото полувреме ни припадна нас, а вториот на Корејците, вторите 30 минути донесоа максимално изедначена игра. Натпреварот беше решен во последните пет минути игра кога одигравме подобро од противникот и славевме победа за освојување на 27. место. Овој пласман на Македонија е најлошиот од досегашните осум учества на Светските првенства.
Мартин Томовски денес имаше одличен настап со 14 одбрани, најефикасен беше Филип Кузмановски со осум гола.
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
4час
-
4час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5