Како изгледаше светскиот фудбал последен пат кога Лидс беше премиерлигаш?

фото: твитер

Лидс на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски и навивачите после 16 години повторно се дел од елитата, а тоа се случи официјално после победата на Хадерфилд дома над Вест Бромвич.

Клубот од „Иланд роуд“ долго чекаше да се врати во Премиер лигата, последен пат во таа лига играше во сезоната 2003/04.

А неколку години пред тоа стигна и до полуфиналето во Лигата на шампионите, тогашна „златна генерација“ со Марк Видука, Алан Смит, Пол Робинсон, Рио Фердинанд, Јан Харт, Доминик Матео, Лукас Радебе, Ли Бојер, Џонатан Вудгејт, Хари Кјуел, Роби Кин..

Интересно е да се види како во таа сезона 2003/04 (кога испадна Лидс) изгледаше светскиот фудбал и каде се наоѓаа некои од најпознатите играчи и тренери.

ПОСЛЕДЕН ПАТ КОГА ЛИДС ИГРАШЕ ПРЕМИЕР ЛИГА:

-Арсенал освои титула без ниту еден пораз
-Челси во својата прва сезона со Абрамович стигна до второто место
-Жозе Мурињо ја освои Лигата на шампионите со Порто
-Марсело Биелса се закити со олимписко злато на клупата на аргентинската репрезентација

-Грција стана шампион на Европското првенство
-Реал Мадрид заврши дури четвртопласиран во првенството
-Валенсија ја освои „Ла Лига“ на чело со Рафа Бенитез
-Лео Меси на 17 години го запиша дебито за Барселона
-„Златната топка“ заврши во рацете на Павел Недвед

Лидс со промоцијата до богатство, шанса за квалитетни трансфери!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот