Лидс со промоцијата до богатство, шанса за квалитетни трансфери!

фото: твитер

Лидс и македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски го слават пласманот во Премиер лигата на две кола до крајот на сезоната.

Со ваквата промоција според британските медиуми клубот се очекува да заработи до 200 милиони фунти.

Ваквата сума дефинитивно ќе му помогне на првите луѓе од од „Иланд роуд“ да ангажираат квалитетни засилувања.

Фудбалски финансиски експерт од Шефилд вели дека Лидс би можел да добие околу 140 милиони фунти веќе во првата сезона. Дури и да испадне веднаш, би добил уште 70 милиони фунти.

Лидс ќе има шанса да ги задржи најдобрите играчи, а главен приоритет ќе биде да го задржи менаџерот Марсело Биелса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот