Како изгледа Бен Афлек откако младата Ана замина од неговиот живот?

Фото: Профимедиа

Бен Афлек е тажен поради раскинувањето со Ана де Армас, а папараците не му даваат мир ниту еден момент. Тие го сликале Афлек пред својата куќа во ситуација поради која актерот се насмеа и самиот себе си.

Холивудскиот актер Бен Афлек пред неколку дена и стави крај на едногодишната врска со актерката Ана де Армас, а папараците се уште го следат секој негов чекор. 48-годишниот актер сега е фатен пред својот дом како „жонглира“ со неколку пакети додека во исто време консумира и ледено кафе.

Тој на себе носеше црна јакна со која се штитеше од дождот, а во еден момент поради неспретноста со пакетите се насмеа и самиот себе си.

Фото: Профимедиа

Веста за крајот на врска на Афлек и Ана го обиколи светот во понеделникот, а во текот на оваа недела актерот се погрижи од својот дом да ги исфрли и сликите на Ана, а папараците сето тоа го забележаа со своите камери. Зошто Ана одлучи да го остави Бен Афлек останува да видиме.

Фото: Профимедиа

Судејќи според написите на магазинот „People“, Бен навистина сакал нивната врска да успее, а извори блиски до актерот велат дека раскинувањето не му дошло добро. „Ана имаше сјајна енергија. Бен секогаш беше среќен покрај неа. И токму поради нејзиниот здрав начин на живот, и Бен така се однесуваше“, велат пријателите на актерот.

Фото: Профимедиа

И покрај се Бен настојува да се насочи кон среќните работи во животот, односно кон децата кои ги има со поранешната сопруга, актерката Џенифер Гарнер. Бен и Џенифер останаа во добри односи по разводот, а нивните пријатели велат дека тие се сакаат, но не планираат повеќе да бидат заедно.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот