12 C
Скопје

Како да препознаете дека некој ве лаже? Внимавајте на говорот на телото

Говорот на телото е често клучен во откривањето дали некој ве лаже. Обрнете внимание на одредени гестови, движења на телото и начинот на зборување.

Постојат знаци кои ќе ви помогнат да откриете дали некој ја зборува вистината, или едноставно ве лаже. Некој може да биде исклучително добар во лажење. Но, ако внимателно го набљудувате нивното однесување, лагите лесно се детектираат.

Очите и устата ги издаваат

Многу работи можете да откриете само ако го обрнете малку повеќе внимание и го погледнете вашиот соговорник во очи или уста. Ако очите му „шетаат“ лево и десно и го оттргнува погледот од вас, во клучен момент во текот на разговорот, тоа е знак дека она што го кажува не е точно. Исто така, внимавајте на усните. Ако им треперат или ги гризат, тоа е уште еден знак дека нешто не е во ред.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Неверојатна оптичка илузија: Додека поминувате покрај оваа куќа во Австралија, таа ротира!

Недефинирани зборови

Ако го прашате за детали и почнат да ви одговараат со „хмм“, „мислам“ и слично, тоа укажува на тоа дека веројатно не го знае одговорот, „не може да се сети“ или едноставно е многу лош во лажењето.

Долги паузи

Ако некој ја знае вистината за она за што зборува, тој ќе може веднаш да одговори на сите ваши прашања. Ако во разговорот прави невообичаено долги паузи откако ќе прашате нешто поврзано со таа тема, тоа може да биде знак дека ве лаже.

unsplash

 

 

Потење

Ова исто така честопати укажува на тоа дека некое лице не ја зборува вистината во целост. Ако почне да се поти по целото лице или тело додека зборува, тоа не може да биде добар знак. Или ако честопати посегнува по вода додека зборува, со тоа можеби само си дава време да смисли уште нешто плус.

Прочитајте и...  Се будите уморни? Направете ги овие промени во спалната соба за квалитетен сон кој ќе ви донесе ден исполнет со енергија

Треперење, чешање…

Кога некој лаже, едноставно се однесува чудно. Веројатно самата помисла дека лаже, му создава непријатност, па честа појава во вакви случаи е треперење или неконтролирано чешање по телото.

Повторувања

Пелтечење или повторување на зборови или фрази за кои веќе сте зборувале е знак дека некој нешто сокрива од вас. Ова може да значи дека се обидуваат да смислат што да кажат понатаму и како да ја развиваат приказната, со обид дополнително да ве убедат во истото што сте го слушнале и претходно.

Поврзани вести

Анџелина Џоли ја продаде сликата на Черчил која ѝ ја подарил Бред Пит

Слободен Печат

Кристина Бошнакова ни препорачува: Израдувајте ги најблиските со превкусен колач од чоколадо и шумско овошје

СП.

Д-р Крстеска: Со протоколот на липосукциска исхрана, мастите се претвораат во енергија

Јасмина Кантарџиева Димков

„Фрајле“ добија конкуренција: „Камби“ е новиот сплитски машки состав кој добро пее и уште подобро изгледа

Слободен Печат

„Дајте музика“ со стари и нови македонски хитови за сите генерации

СП.

Алек Болдвин и неговата сопруга Хиларија ги збунија обожавателите: За шест месеци повторно станаа родители?

Слободен Печат

Остави Коментар