Кајли Миног и Џејсон Донован се враќаат во „Соседи“

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Кајли Миног и Џејсон Донован се враќаат во австралиската сапуница „Соседи“, објавија продуцентите во неделата.

Двете австралиски ѕвезди ја започнаа својата кариера во долгогодишната сапуница која ќе престане да се емитува следниот месец, по 37 години поминати на ТВ екраните. Миног и Донован се согласија да се појават во последната епизода. Продуцентската куќа Freemantle се обиде да ја „вдоми“ сапуницата во Британија, каде што има следбеници со децении, откако Channel 5 објави дека повеќе нема да ја емитува, но сепак, не успеа.

Тие беа пар и во реалниот живот

Пред да станат глобално популарни, Миног и Донован играа телевизиска двојка во популарна сапуница и тајно беа пар и во реалниот живот. Таа романса заврши кога Кајли го запозна пејачот на „INXS“, Мајкл Хаченс.

„Возбудени сме што Џејсон и Кајли се согласија да играат посебна улога во финалето на серијата“, објави извршниот продуцент на серијата Џејсон Хербисон.

Скот и Шарлин (ликовите кои ги толкуваат Донован и Миног) се најпознатиот пар на „Соседи“ и крајот не би бил ист без нив“, додаде тој. „Тоа беше емотивно искуство за нив, за нас и сигурен сум дека ќе биде и за нашите гледачи.

Во Соседи, сапуницата со која пораснаа многу генерации во Австралија и Британија, кариерите ги започнаа и филмските суперѕвезди Маргот Роби и Расел Кроу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот