Кајли Куоко откри кој бил нејзиниот најголем страв по завршувањето на „Бубалици“

Фото: Инстаграм

Ѕвездата на „The Flight Attendant“, Кајли Куоко откри дека била премногу загрижена и совладана од стравот како ќе изгледа нејзината прва улога по крајот на снимањето на успешниот ситком „Бубалици“.

По ситкомот кој се снимаше 12 сезони, Куоко ја глуми Касандра, функционалната алкохоличарка чиј живот целосно се менува откако таа ќе се пробуди по една ноќна забава и ќе го пронајде мажот со кој ја поминала ноќта мртов во хотелската соба во Бангкок, без сеќавање на тоа што и се случило претходно.

Во разговорот за британскиот „iNews“, 35-годишната актерка изјави дека сакала да се тестира самата себеси и своите актерски способности во некоја сериозна улога, за разлика од онаа во ситкомот, и дека искрено стравувала како фановите ќе гледаат на неа, особено по долгогодишната улога на Пени во „Бубалици“.

Освен што е главна ѕвезда, Куоко е и извршен продуцент на „The Flight Attendant“, чија прва сезона има осум епизоди и беше номинирана за два Златни глобуси, меѓу кои и оној за најдобра телевизиска актерка во мјузикл или хумористична серија.

Иако награда и припадна на друга актерка, Куоко на свој начин успеа да ја прослави барем номинацијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaley Cuoco (@kaleycuoco)


Како што беше објавено неодамна, нејзиниот следен проект ќе биде улогата на Дорис Деј во серијата за нејзиниот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот