Кајакарите Спасиќ, Златаров и Небиовски во Словенија на европскиот куп

Нашиот кајакар Љубомир Спасиќ е моментно на припреми во Валона (Албанија) каде што ја темпира формата пред наредните предизвици.

Спасиќ заедно со Александар Златаров и Енис Небиовски на 30 септември ќе заминат за Словенија на европскиот куп како претставници на македонскиот кајак.

Воедно овој европски куп е во рамките на европската асоцијација за кајак во дисциплината спуст каде што треба да се одржат оет натпревари од кои најдобрите три пласмани се земаат за вкупниот ранг на бодовната листа.

Првиот се одржа во Чешка Буџевица, останатите треба да се одржат во месец ноември во Македонија и Босна и Херцеговина и претстојниот во Словенија на реката Купа во Осилница.


Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот