Кај неа ништо не е случајно – Кралицата Елизабета никогаш не носи облека во оваа боја, а еве која е причината!

Фото: Профимедиа

Во нејзниот случај, но и кога станува збор за Кејт Мидлтон, разновидната палета од бои има своја важност и симболика.

На која било силна и впечатлива боја да помислите, кралицата Елизабета веројатно веќе ја носела во некоја прилика. Нејзините кралски комбинации никогаш не се премногу шарени или упадливи. Па така често можеме да ја видиме во впечатлива зелена, жолта, розева, портокалова, но и во многу други впечатливи и силни бои. Сепак постојат и бои во кои никогаш нема да ја видите.

Фото: Профимедиа

Имено, како што тврди Роберт Хардмен, авторот на биографијата „Нашата кралица“, крем бојата или бојата на кожата е онаа која кралицата никогаш нема да ја облече. Како што наведува тој, кралицата во една прилика изјавила дека никогаш не би можела да ја носи, бидејќи така никој не би знаел која е таа.

Фото: Профимедиа

Во овој случај силните бои имаат и своја цел, а тоа е присуството на кралицата, без оглед за каква пригода станува збор, да биде впечатливо во масата, и никој при нејзин јавен настап да не може да ја загуби од вид.

Фото: Профимедиа

Освен крем бојата, кралицата никогаш не носи ни црно, освен кога станува збор за некоја тажна прилика.

Од друга страна, Кејт Мидлтон исто така тргна по нејзини стапки, па и таа обожава да носи впечатливи бои. Сепак, како што велат странските медиуми, Кејт единствено не сака да носи портокалова боја, бидејќи не е нејзина љубителка, и мисли дека во неа не изгледа добро. Истото важи и за Меган Маркл, и таа никојпат не се појавила во портокалова боја.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот