Работници во фабрика за мебел во Германија/ Фото: Arne Trautmann / Panthermedia / Profimedia

Каде во Европа е најлесно да се најде работа?

Според ново истражување на Conference Board, глобален центар за истражување на бизнисот, Данска е најатрактивната европска земја за вработување во 2026 година. Силни вештини, висока продуктивност и умерени трошоци за работна сила се главните предности на Данска, која е на врвот на листата. На второ место е Швајцарија, која постигна максимум 100 поени во категоријата талент и вештини, но сепак претставува предизвик поради високите трошоци за живот и водење бизнис.

Ирска е на третото место, благодарение на својот флексибилен пазар на трудот и силната деловна култура. Листата на првите 10 е главно составена од земји од Северна Европа, како и помали, но богати економии кои се издвојуваат по својата прилагодливост, стабилни институции и квалитетна работна сила. Од големите економии и нивните проблеми Германија е единствената земја од групата Г7 што е меѓу првите десет. Сепак, се соочува со пад на населението во работоспособна возраст, зголемување на трошоците за работна сила и бавен процес на дигитализација. Конкурентноста на работната сила беше оценета особено лошо- објави Каматица.

Обединетото Кралство е рангирано на 12-то место. Продолжува да страда од регулаторна несигурност по Брегзит, но задржува силен потенцијал благодарение на флексибилниот пазар на трудот, развиениот услужен сектор и богатата база на таленти.

Франција и Италија – слично рангирање, различни проблеми.  Франција е на 18-то место, а нејзиниот напредок е ограничен од строгите регулативи, сложената администрација и недостатокот на флексибилност на пазарот на трудот. Италија, која е на 20-то место, не се соочува со недостиг на вештини, туку со слаба конверзија на знаењето во продуктивност, бавни иновации и предизвици во управувањето. На самото дно на рангирањето се Кипар, Грција, Хрватска, Полска, Словачка и Бугарија, кои освоија помалку од 30 поени.

Според анкета на директорите за човечки ресурси, клучниот фактор при вработувањето се вистинските вештини на вработените (51%). Потоа следуваат високата продуктивност и технолошките способности (28%), како и конкурентните даноци на трудот (28%). Еднаквоста на можностите на пазарот на трудот беше оценета како најмалку важен фактор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот