Кацарски четвртопласиран на Попова Шапка, на половина пат од олимписката А норма

Фото: facebook.com/mkdskii

Македонскиот најдобар сноубордер, Александар Кацарски на Сноуборд Купот на Попова Шанса оствари одличен резултат.

Тој го постигна вториот најдобар резултат во нашата сноуборд историја и така се најде на половина пат од освојување на олимписката А норма.

Резултатот на Кацарски во дисциплината велеслалом беше 53,29 или 110,00 ФИС поени.

Првото место го освои Оскар Квјатковски од Полска, пред светскиот шампион Жан Кошир, а третопласиран беше Полјакот Андрзеј Гасиеница-Даниел.

Во Топ 10 се најдоа уште тројца наши натпреварувачи: Томас Дебаловски, Христијан Стојчевски и Кристи Стојановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот