Јужна Кореја прогласи највисок степен на опасност од Ковид-19

Јужна Кореја одлучи да го подигне нивото на опасност од новиот коронавирус на највисок степен. Тоа го најави претседателот Мун Џае Ин, откако во таа држава беа регистрирани повеќе од 100 нови случаи на заболени од Ковид-19.

Мун рече дека владата ќе го зајакне целокупниот одговор на вонредни состојби како дел од прогласување на „црвен” степен на предупредување и дека локалните власти треба да преземат „исклучителони, моќни” мерки за да спречат ширење на Ковид-19, јави Јонхап.

Јужна Кореја објави 123 нови случаи на коронавирус и два нови смртни случаи, со што вкупните потврдени инфекции се 556 и бројот на починати е четири, според јужнокорејскиот Центар за контрола и спречување болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот