Француските и италијанските медиуми информираат дека „Старата дама“ ги започна првите разговори со цел да го обезбеди потписот на Александр Лаказет.
Иако Аркадиуш Милик и Един Џеко остануваат главни приоритети на Јувентус како замена за Гонзало Игуаин, според „Л`Екип“ актуелниот италијански шампион ја следи и ситуацијата со напаѓачот на Арсенал.
Лаказет во лондонскиот клуб дојде за 53 милиони евра од редовите на Олимпик Лион. Оваа сезона запиша 12 голови и шест асистенции во 33 натпревари и има уште две години од важечкиот договор со „топчиите“.
Но, според „Ле10спорт“ и „Калчомеркато“, овој француски репрезентативец е подготвен да го напушти Арсенал.
Составот на Микел Артета денеска ќе го игра полуфиналниот натпревар од ФА купот на „Вембли“ стадионот против Манчестер сити.