Јувентус е шампион деветта година по ред! (ВИДЕО)

фото: твитер

На две кола до крајот на сезоната во најсилното италијанско првенство екипата на Јувентус вечерва успеа да ја одбрани титулата. На домашен терен клубот од Торино бркаше триумф и тоа го направи против составот на Сампдорија со конечен резултат 2:0.

Непосредно пред паузата од слободен удар асистираше Пјаниќ кој ја измами противничката одбрана, како и Роналдо, како на тренинг дојде „Старата дама“ до предност.

Во 67 минута голманот Аудеро го одбрани ударот на Роналдо, а одбиената топка ја искористи Бернардески кој се погрижи за поставување на конечниот епилог.

Дополнително за домаќините помогна и вториот жолт картон на Торсби кој во 77 минута мораше предвреме да го напушти теренот.

Роналдо имаше шанса од пенал по вторпат да се запише во листата на стрелците, но во 89 минута ја погоди пречката. На тој начин Јуве дојде до својата 36 титула во Серија А, деветта по ред.

Несторовски и Удинезе обезбедија опстанок во Серија А

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот