Јубилејно 70 издание на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“
Според старата спортска традиција, во Новата година влегуваме со атрактивно натпреварување во ски скокови, популарната новогодишна турнеја „Четири скокалници“ која оваа сезона ќе го прослави својот 70-ти роденден.
Препорачано
Првите скокови во новото издание ќе ги гледаме во вторник, утре 28 декември 2021, за кога се закажани квалификациите на скокалницата во Обертсдорф (Германија), а ден подоцна на истото место и првото официјално натпреварување.
После Оберстдорф следуваат натпреварувањата во германскиот Гармиш-Партенкирхен (1 јануари 2022), австрискиот Инсбрук (4 јануари 2022) и на крајот во австрискиот Бишосхофен (6 јануари 2022 година).
Трите земји се издвојуваат на врвот кога е во прашање вкупниот триумф на оваа традиционална турнеја, тие се Австрија, Финска и Германија кои имаат по 16 победи.
Втора година по ред поради пандемијата на коронавирусот овој настан ќе се одржи без присуство на публика, беше потврденоа од организаторите на австрискиот дел на ова натпреварување.
Фаворити за трофејот „Златен орел“ се Полјакот Камил Стох, Карл Гајгер од Германија и Јапонецот Рјоју Кобајаши. Во минатогодишното натпреварување првопласиран беше Стох.


