• оберстдорф

ВИДЕО: Започна Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ – Велингер славеше во Оберстдорф

Германскиот ски-скокач Андреас Велингер победи на скокалницата во Оберстдорф, првото натпреварување од Новогодишната турнеја „Четири скокалници“. Велингер победи со вкупно 309,3 поени до кои стигна со скокови од 139,5 и 128 метри. На второто место се најде Јапонецот Рјоју Кобајаши, кој освои 306,3 поени со скокови од 134,5 и 129 метри.