ВИДЕО: Гајгер триумфално на стартот од новогодишната турнеја „Четири скокалници“

Фото: EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Карл Гајгер, германскиот ски скокач е победник во Оберстдорф – првата станица од Новогодишната турнеја „Четири скокалници“.

Токму на домашен терен покажа дека е во одлична форма, а тоа го докажа во првата и втората серија.

Во првата скокна 127 метри, а во втората 136,5 и на крајот севкупно освои 291,1 поен, односно 2,8 повеќе од второпласираниот Камил Стох (Полска).

Третото место го освои Норвежанецот Мариус Линдвик со шест поени помалку од Германецот.

Возбудувањата ќе продолжат во Германија, со втората скокалница во Гармиш-Партенкирхен на првиот ден од Новата година (1 јануари, 14.00 часот), а потоа следуваат австриските скокалници во Инсбрук (3 јануари, 13.30 часот) и Бишофсхофен (6 јануари, 16.45 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот