ЈСП: Од утре во сообраќај поголем број автобуси, ќе важат и средношколските билети

ЈСП
Градски автобуси на ЈСП / Фото: Драган Митрески

Поради почетокот на учебната година и очекуваната поголема фрекфенција на корисници на јавниот превоз од утре во сообраќај ќе бидат вклучени зголемен број автобуси, информираат денеска од ЈСП Скопје.

Автобусите ќе сообраќаат по делничен возен ред, односно јавниот превоз ќе го опслужуваат зголемен број на возила во споредба со изминатите неколку месеци.Возниот ред, додаваат од ЈСП Скопје, е достапен на нивната веб-страница.

Од утре, повторно ќе важат бесплатните годишни средношколски билети за користење на јавниот превоз. Билетите ќе бидат активирани системски, односно учениците немаат потреба од посета на продажните места на ЈСП Скопје.

Учениците од прва година средно образование ќе добијат на користење времени (хартиени) билети за бесплатно користење на превозот, кои ќе им бидат дистрибуирани преку училиштата.

Потсетуваме дека и натаму времено е укината одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела.

ЈСП Скопје апелира до сите корисници на јавниот превоз да ја почитуваат одлуката за користење на заштитна маска при користење на превозот.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот