10 C
Скопје

Јовановски: Доколку бидеме во прав состав, нашите шанси во Тбилиси ќе бидат и поголеми!

Поранешниот селектор на нашата А селекција вели дека и психолошкиот момент ќе биде клучен на патот за пласман на наредното ЕП.

На 12 ноември 2020 година најдобрата македонска репрезентација предводена од селекторот Игор Ангеловски ќе го игра финалето од Лигата на нации (Лига „Д“) против Грузија на гостински терен за пласман на наредното Европско првенство.

Желбата е конечно да играме на едно ЕП во сениорска конкуренција, а пред одигрувањето на историскиот меч сега најважно секако со оглед на ситуацијата со ковид-19 е сите да бидат пред сè здрави и со сите сили подготвени за историскиот меч во Тбилиси.

Поранешниот селектор на нашата А селекција, Ѓоре Јовановски ексклузивно за веб изданието на „Слободен печат“ ги сподели своите размислувања во пресрет на натпреварот Грузија-Македонија:

– После првите два меѓусебни натпревари (кои завршија со ист резултат 1:1 во Тбилиси и Скопје во новото издание од Лигата „Ц“), сигурен сум дека селекторите и стручните штабови се веќе запознаени со добрите и лошите страни на репрезентациите. Досегашните мечеви беа различни, а овој меч носи посебна тежина. На последниот дуел (во Скопје) не играа четири-пет фудбалери во нашата репрезентација, но недостасуваа играчи и кај ривалите.

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Го гледав и натпреварот Грузија-Белорусија (1:0), каде што Белорусите беа изразит фаворит, но гледаме дека не секогаш фаворитите победуваат на крајот. Мислам дека шансите се 50-50, без разлика што играме на нивни терен, дали ќе биде со публика или не, како и да е, мислам дека тоа нема никакво значење. Нашите фудбалери се професионалци кои играат во лиги каде што има по 50.000-60.000 илјади гледачи на трибините, така што тоа не би влијаело на нивната форма – ни изјави Јовановски.

За екс тренерот на Вардар, Слога Југомагнат, Самсунспор, Работнички, Милано Куманово, Металург, ЦСКА Софија, Шкендија и Брегалница Штип, најважно е Македонија да биде во прав состав, а во таква ситуација шансите дури и ни се поголеми за учество на континенталниот собир.

Фото: ФФМ

– Доколку бидеме во прав состав шансите ќе бидат и поголеми. Значи да немаме повредени, или пак отсутни поради ситуацијата со коронавирусот. Моето мислење е субјективно, нормално, да не кажам од национална гледна точка, секогаш би кажал дека сме подобри и верувам дека нашите момци можат тоа да го направат. Исто така, важно е да се внимава на нивниот играч Кварацшкелија, врз кој беше направен фаул за пенал во првиот меч, а потоа во Скопје убаво издрибла низ нашата одбрана за постигнување гол, мора на него да се обрне внимание, па доколку треба да го чуваат и двајца фудбалери – додаде Јовановски.

И психолошкиот момент во оваа завршна битка ќе биде клучен за остварувањето на крајната цел.

На вакви натпревари каде што само еден меч одлучува, победува екипата која е психолошки подготвена. Сум играл еден таков меч во мојата кариера како професионален фудбалер, во далечната 1979 година во дресот на Вардар против Трепча. Беше последен натпревар, кој ќе победи, влегуваше во Југословенската Прва лига и најдобро знаат тие што одигруваат таков тип на натпревари, што значи еден ваков дуел. 30 години чекаме едно Европско првенство, најважно е играчите да бидат живи и здрави, воедно психолошки бидат подготвени за финалниот дуел против Грузија – беа зборовите на Јовановски.

Македонија на 7 декември ќе ги дознае ривалите во квалификациите за СП

Поврзани вести

Распоред и саатници за ЕП 2022: Еве кога играме со Данска, Црна Гора и Словенија!

Слободен печат

ВИДЕО: Филмско сценарио на патарина, „Балистите“ ги провоцираа фудбалерите на Вардар!

Слободен печат

Лисабон во „пол-позиција“ пред Лондон да го организира финалето во ЛШ?!

Слободен печат

ФОТО+ВИДЕО: Најубавата спортистка на светот во дресот на Јокиќ – тој е МВП!

Слободен печат

Недвед: Пирло и Роналдо ќе останат во Јувентус

Слободен печат

Кавани потпиша нов договор со Манчестер јунајтед

Слободен печат

Остави Коментар