Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Јотова му го врачи мандатот на Радев, кој вети дека „ќе ѝ ја врати стабилноста на Бугарија“

Гласачите, аналитичарите и дипломатите, исто така, чекаат да видат колку проруска ќе биде владата на Радев. На завршниот изборен митинг, тој на голем екран прикажа свои фотографии со светски лидери, вклучително и со рускиот претседател Владимир Путин. Претставниците на партијата на Радев ги отфрлија стравувањата за какви било екстремни пресврти во надворешната политика.

Прорускиот евроскептик Румен Радев денеска вети дека ќе ги намали цените и ќе ја врати стабилноста во Бугарија при именувањето на новиот кабинет, откако претседателката Илијана Јотова му го додели мандатот за формирање влада по масовните протести кои ја соборија претходната влада, објави „Ројтерс“.

Партијата „Прогресивна Бугарија“ на поранешниот воен пилот освои 44,6 отсто од гласовите на парламентарните избори на 19 април, што ѝ обезбеди мнозинство пратенички места во 240-членото собрание.

Радев во јануари се повлече од претседателската функција во Бугарија, која има главно церемонијална улога, за да се кандидира на изборите, откако протестите поради корупцијата и зголемените трошоци за живот ја принудија претходната влада да падне во декември.

Победата на ПБ (Прогресивна Бугарија), што претставува најголем број освоени гласови во една генерација, ќе му овозможи да ја предводи првата еднопартиска влада во Бугарија по речиси три децении.

Радев ветува дека со голи раце ќе искорне старо дрво со длабоки корени

Велислава Петрова-Чамова и Галаб Донев, кој беше технички премиер во 2022-2023 година, ќе ги преземат функциите министри за надворешни работи и за финансии во новиот кабинет, кој ќе мора бргу да донесе нов буџет, да одреди плафон на јавниот долг за да ги осигура исплатите на пензиите и платите и да се обиде да обезбеди средства од ЕУ.

–Ќе го смениме трендот на вртоглаво растечките цени, ќе ја вратиме стабилноста со нов Висок судски совет и негов инспекторат. Ќе ги апсорбираме исплатите што ни следуваат според Планот за закрепнување и отпорност – изјави Радев, мислејќи на стотиците милиони евра задржани од Европската комисија пред сè поради одложеното антикорупциско законодавство и судските реформи поврзани со главниот обвинител.

Рејтинг-агенцијата „Фич“ минатиот месец соопшти дека планот на Радев да ги замени членовите на Високиот судски совет, кој го избира главниот обвинител, ќе биде ран тест за неговата способност да спроведе домашни антикорупциски реформи.

Таа укажа ии на ризикот од зголемените цени на енергенсите поради конфликтот на Блискиот Исток, кои би можеле да влијаат врз економскиот раст.

Се очекува кабинетот да биде одобрен во парламентот в петок.

Гласачите, аналитичарите и дипломатите, исто така, чекаат да видат колку проруска ќе биде владата на Радев. На завршниот изборен митинг, тој на голем екран прикажа свои фотографии со светски лидери, вклучително и со рускиот претседател Владимир Путин.

Претставниците на партијата на Радев ги отфрлија стравувањата за какви било екстремни пресврти во надворешната политика.

„Очекувавме да бидеме први“, вели Радев откако излезните анкети ја посочија неговата партија како победничка на изборите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот