Јончевски: Залуден ќе биде сиот труд во Нествед доколку не ја победиме Словачка

фото: kfsm.mk

Александар Јончевски, очекувано, беше презадоволен од крајниот епилог на дуелот во Нествед. За првпат на еден официјален меч како селектор на Македонија, оствари многу важна победа.

Но, предводникот на нашата најдобра селекција, доста смирено, по инфарктната завршница во Нествед, прво го потенцира сработеното во изминатиот период

– Работевме три недели за ова, од првиот ден од подготовките се спремавме само за овој меч за Данска. Од оние индивидуални карактеристики па сè до најситните детали за противникот. Така и функциониравме на овој натпревар. Гледано индивидуално, во првото полувреме му дозволивме на нивниот прв поентер Љунберг да има само два поени реализирани во самиот финиш. Знаевме дека во второто полувреме повеќе ќе напаѓаат преку него, дека ќе биде „гладен за кошеви“. Колку можевме, на крајот кажува статистиката – рече Јончевски.

Нашиот стратег вели дека една од причините за првиот триумф во претквалификациите за ЕП 2025 беше и тимската одбрана.

– Морам да напоменам и то дека многу голем дел од договарањето за тимска одбрана го спроведувавме одлично и во двата дела од играта. Да удвојуваме на низок пост, удвојување, сите барани детали ги реализиравме. Нормално имавме и грешки, но верувам дека во деновите кои следуваат ќе ги поправиме. Со моите соработници ќе ги анализираме за што поспремни да го дочекаме неделниот натпревар со Словачка. Победата ја забораваме, што би се рекло, во секунда. Тоа веќе им го реков на играчите во соблекувалната, затоа што сè ќе биде залудно, сиот овој труд вложен овде, доколку не ја победиме Словачка во Скопје, славењето, макар и скромно, ќе биде во Нествед, и ќе биде доволно. Нè чека уште многу работа – беа зборовите на Јончевски по победата над Данска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот