Јоловиќ: Со Бонер ќе бидеме многу посилни во квалификациите за ЕП!

Фото: kfsm.mk

Полека, но сигурно, македонскиот женски сениорски национален тим го помина оној прв дел од подготовките во Охрид. Како што вели селекторот Владимир Ѓоровиќ, и најтешкиот, доколку се земе в предвид дека зад неговите избранички е еден голем период без вистински активности.

– Одработивме шест тренинзи во Охрид, можам да кажам, во одлични услови који ги имаме во салата „Билјанини извори“, како и во хотелот „Тино“ во Охрид. Сакам да напоменам дека овој прв дел е малку потежок за кошаркарките каде обрнавме внимание и на нивната физичка подготвеност и пробавме да ја донесеме на истото ниво пред оваа голема пауза која е евидентирана кај нив. Секако паралелно со тоа работиме на поставување на основни принципи на одбрана и на напад, а во меѓувреме обрнавме внимание и на некои други тактички моменти, направивме и прв екипен скаутинг на репрезентацијата на Хрватска – рече Ѓоровиќ.

Селекторот ја фали ангажираноста на сите присутни кошаркарки кои денеска го одработуваат и петтиот ден од подготовките за настапот во „балонот“ во Рига.

Кошаркарките во Рига против Хрватска и Германија

– Многу сум задоволен од ангажираноста на екипата во овој период. Имаме и одлична атмосфера. Денеска очекуваме да ни се придружи Девана Бонер. Заедно со Анџелика Митрашиновиќ и Софија Лазаревска кои ќе бидат со нас во Рига, се надевам дека и добро ќе се подготвиме, и на турнирот да се претставиме во што е можно подобро светло – додаде Ѓоровиќ.

Свои очекувања има и Драгана Јоловиќ. Во преден план го става тимскиот дух на екипата која е собрана во Охрид.

„Што се однесува за овие подготовки во Охрид, се надеваме дека во оваа работна седмица ќе се воиграме подобро. Да се запознаеме со Бонер, која е наше силно оружје. Со неа сигурно ќе бидеме многу посилни во квалификациите во однос на оние претходните. Очекувам тимски дух, и добра игра во Рига – вели нашата искусна репрезентативка, Јоловиќ.

Календарот на ФИБА за групата „И“, вели дека на турнирот во Рига, на 12 ноември, Македонија ќе игра против селекцијата на Хрватска. Два дена подоцна, за противник ја имаме селекцијата на Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот