Јокиќ: Повторно би одлучил да не играм за Србија

Никола Јокиќ запиша „дабл-дабл“ учинок против Кингси/Фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Никола Јокиќ имаше средба со новинарите во Денвер и најдобриот играч во НБА лигата минатата сезона имаше неколку интересни одговори.

Најинтересниот беше поврзан со одлуката да не игра за репрезентацијата на Србија на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Токио.

– Донесов одлука. Без разлика дали е добра или лоша, јас се држам до неа. Јас повторно би го направил истото – рече Јокиќ.

На прашањето што е најинтересното што му се случи во паузата помеѓу двете сезони, еве што одговори:

– Наскоро доаѓа бебе. Тоа е најважното нешто во мојот живот – додава кошаркарот од Сомбор.

Статусот на МВП не се промени многу во неговиот живот.

– Не сакам да бидам славен. Може да се контролира. Јас сум како и сите, не е забавно да се биде славен – вели српскиот интернационалец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот