Јокиќ испишува историја: Го надмина Чембрлен, пред него е само Карим Абдул-Џабар

фото: EPA-EFE/Rick D'Elia

Никола Јокиќ го урна учинокот на Вилт Чембрлен, легендарниот кошаркар и со тоа стана вториот центар со најмногу асистенции во историјата на НБА лигата.

Денвер ја победи Минесота со 116:107 и со тоа го задржа првото место во Западната конференција.

Чембрлен застана на 4,643 асистенции, додека Јокиќ забележа седум асистенции против Минесота и со тоа се најде на втората позиција (4,650).

Пред Србинот сега е само Карим Абдул-Џабар, кој запиша 5,660 асистенции.

Сето ова Јокиќ го направи со многу помалку натпревари и се чини дека доколку продолжи вака ќе го собори рекордот на Абдул-Џабар до крајот на кариерата.

Чембрлен во кариерата одигра 1,045 натпревари, додека Џабар беше активен на дури 1,560 мечеви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот