Јавноста бесна на Викторија Бекам: Има 380 милиони евра, а поради коронавирусот им ги намалува платите на вработените!

Profimedia
Profimedia

Викторија Бекам, сопругата на поранешниот фудбалски ас, Дејвид Бекам, донесе одлука поради која ја налути јавноста во Велика Британија.

Викторија извести 30 работници дека во рамките со „предлогот на владата за намалување на последиците од коронавирусот“, ќе им ги намали платите.

Таа исто така побарала помош од државата. Во коментарите под написите и на социјалните медиуми, многумина се сеќаваат дека нејзиното и богатството на Дејвид се проценува на 382 милиони евра и дека таа за неодамнешната прослава на нејзиниот 46 роденден потроши 114 000 евра.

Некои исто така потсетуваат дека таа има колекција од чанти во вредност од дури 1,7 милиони евра.

„Дејли меил“ пишува дека ова е најголемиот скандал на Бекам од моментот кога протече е-поштата на Дејвид во која открива дека тој работи за хуманитарни цели само за да стане витез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот