Јаромир Јагр го собори рекордот на Вејн Грецки за најмногу постигнати голови во професионалната кариера

EPA/ANATOLY MALTSEV

Легендарниот Канаѓанец постигнал вкупно 1.098 гола во сите професионални настапи во кариерата, што беше рекорд, а познатиот Чех, кој игра се уште во 50. година од животот, неодамна го надмина тој рекорд

Прочуениот чешки хокејар Јаромир Јагр, кој со 50 години се уште професионално игра, го собори рекордот на легендарниот Канаѓанец Вејн Грецки во постигнати голови во професионалната кариера.

Јагр, кој игра во својата татковина за прволигашот Кладно, постигна гол во мечот против Тринец од кој тимот на славниот Чех го изгуби со 3-4. Сега вкупното професионално салдо на Јагр, кое ги вклучува сите голови што ги постигнал во сите лиги во кои настапувал и за репрезентацијата, е вкупно 1.099.

Грецки, кого го сметаат за најдобриот хокејар на сите времиња, вкупно има постигнато 1.098 професионални гола. Тоа го вклучува познатиот рекорд голови во НХЛ лигата кој е 894 (регуларен дел), а заедно со головите постигнати во плејофот и од настапите во ВХА лигата, бројот е 1.072 гола. Ако на тоа се додадат 26. гола за канадскиот национален тим, тоа е вкупно 1.098.

Јагр ја заврши својата американска кариера со постигнати 844 гола во НХЛ лигата, регуларен дел и плејоф заедно. Но потоа настапуваше во Европа во КХЛ лигата и во Чешката лига, каде што исто така беше ефикасен… За репрезентацијата има постигнато 55 гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот