Јапонски милијардер бара осум луѓе за бесплатна експедиција на Месечината

Instagram

Модниот тајкун Јусаку Маезава кој во 2018 година објави дека е првиот човек што резервирал место на вселенскиот брод на „SpaceX“ бара осум луѓе од целиот свет да му се придружат на патување околу месечината.

Маезава, кој платил огромна сума за патувањето што се очекува да се реазлира најрано во 2023 година, првично изјави дека планира да покани шест до осум уметници кои би му се придружиле на патувањето околу Месечината.

Но, во средата на социјалните мрежи откри дека го проширува списокот, пишува „Гардијан“.

Ве поканувам да ми се придружите на оваа мисија. Оссумина од целиот свет… Ги купив сите места, па тоа ќе биде приватно возење“, рече Маезава.

45-годишниот милијардер рече дека неговиот првичен план „еволуирал“ затоа што верува дека „секоја личност што прави нешто креативно може да се нарече уметник“.

Јапонскиот претприемач рече дека апликантите треба да исполнат само два критериуми и тоа да бидат отворени за креативно истражување и да бидат подготвени да им помогнат на другите членови на екипажот да го направат истото.

Јусаку вели дека околу 10 до 12 луѓе ќе бидат во вселенскиот брод, кој се очекува да се сврти околу Месечината пред да се врати на Земјата.

Временската рамка за пополнување на апликацијата е 14 март, а првиот скрининг на пријавените би требало да се изврши до 21 март, според веб-страницата на Маезава.

Маезава и неговата група астронаути ќе бидат првите лунарни патници од последната мисија на Аполо во САД во 1972 година, ако „SpaceX“ успее да го изведе ова патување.

Маезава, познат по своите ексцентрични коментари и екстравагантен начин на живот, како и по склоност кон скапа уметност, минатата година беше проценет на околу 1,9 милијарди долари, што го прави еден од најбогатите луѓе во Јапонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот