Фото:Pexels

Јапонска филозофија за помирен живот – осум техники за смирување на умот

Ако мислите претерано ве оптоваруваат, ако се чувствувате вознемирено и анксиозно, испробајте ги овие 8 јапонски техники за забавување на мислите.

Менталното здравје е исто толку важно како и физичкото, меѓу многуте методи за релаксација, како што се вежбањето, молитвата, прошетката во природа, е и медитацијата која е древна метода за релаксација. Најчесто се практикува на Исток и служи за смирување на мислите и борба против стресот и анксиозноста.

Јапонците отсекогаш имале неверојатни техники кои можат да ви ги отворат очите и да ви го променат животот.

Постојат многу различни техники на медитација, а овие 8 јапонски методи ќе ви помогнат да ги средите вашите мисли и да престанете да размислувате за да ги смирите душата и телото.

1. Каизен

Суштината на каизен филозофијата лежи во пет принципи – поставување цели, следење на вашиот внатрешен компас и промовирање на продуктивност и ефикасност. Истакнува мали подобрувања во секојдневниот живот кои водат до долгорочен успех.

2. Икигаи

Икигаи е јапонска филозофија за наоѓање цел во животот што може да обезбеди чувство за насока, намалувајќи го одложувањето и претераното размислување. Секое утро, бидете свесни за причината зошто сте се разбудиле. Најдете нешто што се усогласува со вашите силни страни и страсти и што му треба на светот. Тоа е она што му дава смисла на вашиот живот.

3. Шоганаи

Шоганаи значи прифаќање на неизбежното. Тоа е прифаќање на она што не можете да го контролирате и фокусирање на она што можете да го контролирате. Тоа значи и прифаќање на фактот дека животот е неизвесен и дека ги немате сите одговори.

4. Шинрин-јоку

Шинрин-јоку значи капење во шума, т.е. поминување време во природа. Тоа е одличен начин да престанете да размислувате и ефикасно да го смирите вашиот ум.

5. Ваби-саби

Ваби-Саби е јапонска филозофија која промовира прифаќање на несовршеноста. Ова значи дека можеме да го намалиме притисокот од претерано размислување со прифаќање дека и светот и ние во светот сме несовршени.

6. Гаман

Гаман е уште еден јапонски збор кој има значење да го издржите наизглед неподносливото со трпение и достоинство. Ја нагласува важноста на истрајноста, издржливоста и самоконтролата наспроти неволјите. Чувајте го вашето достоинство во тешки времиња. Покажете емоционална зрелост и самоконтрола, дури и кога сè се менува. Запомнете колку е важно да бидете трпеливи, издржливи и да имате разбирање.

7. Зазен или Зен медитација

Зазен е медитативна дисциплина и е примарна практика на зен-будистичката традиција. Ова вклучува тивко седење и фокусирање на мислите што ви доаѓаат на ум без да осудувате.

8. Кинсуги

Кинсуги е јапонска уметност за поправка на скршена керамика со злато. Тоа е длабоко филозофски концепт кој проповеда прифаќање на недостатоците и предизвиците како можности за раст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот